Владата на Република Македонија, вчера, 12.4.2022 година (вторник) ја одржа редовната 37-ма седница, на која согласно своите надлежности беа разгледани повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, меѓудругото, на седницата се разгледаа Предлог-законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, како и предлог за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај.
Пред министрите се најде и Информација за Програмската рамка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за Република Македонија за периодот 2021-2025 година, со Програмска рамка, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.