Робот опрашувач – Решение за продуктивно оранжериско производство

Робот опрашувач – Решение за продуктивно оранжериско производство

 

Недостигот на природни опрашувачи, како што се пчелите, го загрозува глобалното производство на храна ширум светот и го отежнува обезбедувањето на доволни количини на храна за светската популација која континуирано расте. Како решение за овој проблем, истражувачите од Универзитетот Западна Вирџинија  констурирале роботски опрашувач.

Тимот предводен од Ју Гу, вонреден професор на Катедрата за механичко и воздушно инженерство, го создава StickBug, робот со шест раце кој ќе им помага на луѓето во средини со стаклена градина со опрашување на различни култури.

„Тој (StickBug) ја мапира околината и штом роботот ќе има општа слика за животната средина, ќе изгради подетално мапирање на растенијата и ќе знае каде се цвеќињата и кој цвет треба да се опрашува“, рече Гу. „Ќе направи план што да прави. Потоа, ќе се приближи до секое од растенијата, ќе почне да ги замавнува своите шест краци и ќе почне да опрашува“.

Според Гу, шесте краци се главно за подобрување на ефикасноста и ефективноста на роботот. На пример, некои цвеќиња може да се наоѓаат на тешко достапни места и роботот можеби ќе треба да користи две раце. Едната рака за фаќање на гранката, а другата рака за опрашување на цветот. Роботот е одговорен за задачите кои одземаат многу време за инспекција на цвеќе, мапирање, опрашување и следење на развојот. Ова им овозможува на одгледувачите слобода да се фокусираат на други задачи во стаклена градина, како што се садење, наводнување и контрола на штетници.

Како што опишува, некои цвеќиња би можеле да се наоѓаат на тешко достапни места, а машината потоа ќе мора да користи две раце – едната за да ги фати и да ги движи гранките, а другата да опрашува. Ќе опрашува капини и домати

Според иноваторите, роботот им овозможува на земјоделците слобода да се фокусираат на други задачи во производството, како што се садење, наводнување и контрола на штетници. Долгорочните цели се да се подобри безбедноста на храната преку намалување на бројот на инсекти, како и собирање податоци за растенијата. Евалуацијата на ефективноста на StickBug ќе се спроведе во стаклена градина WVU Evandsdale, на капини и домати. Тие се избрани од истражувачи бидејќи се популарни во САД и имаат добра економска вредност.

Според Гу, тие првенствено се одлучиле за домати бидејќи се одгледуваат во текот на целата година во амеркинаските краишта и постојано цветаат, што им дава поголеми можности за истражување. Исто така, овие култури се одгледуваат таму во високи тунели и оранжерии, каде што истражувачите ја гледаат потенцијалната употреба на таков роботски систем. Освен земјоделците, корист од ова ќе имаат и студентите од тој универзитет. Оваа програма им овозможува увид во теоретски и практични решенија во роботиката.

Проектот е вреден 750.000 долари и финансиран од Министерството за земјоделство на САД (USDA).

Извор: WVUTODAY

Фото: Pixabay

Категории: Вести, Иновации