Топ 10 еколошки одржливи стории – Дали Македонците се доволно свесни за својот придонес во зачувување на планетата?
Во нашата сфера на интерес спаѓаат и темите поврзани со одржливи методи на земјоделско производство. Во 2021 година имавме многу објави и од оваа категорија, осврнувајќи се на сите аспекти од областите одржливост и зелен развој. Од шумски пожари, до раззеленување на пустински области – темите беа разнолики.
Еко свеста на македонецот можеби не е на највисоко ниво, но сепак постои волја за унапредување, едукација и воведување во пракса на нови „позелени“ начини на производство и методи за заштита на околината.
Да погледнеме подолу во текстот – кои беа најинтересни теми за читателите и од оваа област:
10. https://bit.ly/336G8FP Извештај за шумските пожари во 2020 година од страна на Заедничкиот центар за истражување на Европската Унија
9. https://bit.ly/32Km6Bd Зголемување на атрактивноста на руралните средини е единствен начин за да се врати младата популација во македонските села
8. https://bit.ly/3HBvHZF Ќе снема ли риба и морска храна – Една третина може да исчезне засекогаш
7. https://bit.ly/3pXwgaq Вклучете се во иницијатива за донирање на вишоците храна преку дигиталната платформа поддржана од ЕУ
6. https://bit.ly/3ePOnsi (Видео) Дали земјоделството од мали размери може да го нахрани светот?
5. https://bit.ly/3EVUFBl Конзервациско земјоделство, што е тоа?
4. https://bit.ly/31qXTz0 (Видео) Земјоделството може да го зароби јаглеродот за спас од климатските промени
3. https://bit.ly/3pUksW8 Како органскиот отпад да го претворите во компост за ѓубриво?
2. https://bit.ly/3eOTr0a Зелени оази сред градското сивило – УРБАНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО, нова профитабилна перспектива во производството на храна
1. https://bit.ly/3G2o0vd (Видео) Како Саудиска Арабија ја претвора пустината во огромни земјоделски површини
Откако ги разгледавте овие објави – да ги засукаме сите ракавите и да пробаме да бидеме поодговорни кон нашата планета. Во 2022, се надеваме дека повторно ќе имаме многу теми од оваа категорија – но наместо да опоменуваме, критикуваме и да бараме примери надвор од Македонија, самите ние да бидеме достојни примери кои ќе ни послужат на сите како пример за во иднина.
Слични Новости
Најголемиот производител на брашно во БиХ го намали извозот, а трговците го ограничија купувањето на зејтинот

