Транзиција на прехранбениот систем од традиционалната линеарна во кружна економија како чекор напред за намалување на отпад од храна

Транзиција на прехранбениот систем од традиционалната линеарна во кружна економија како чекор напред за намалување на отпад од храна

 

 

Растот на населението ќе продолжи да има значајни влијанија врз начинот на кој добрата се произведуваат и трошат, бидејќи глобалниот начин на живот веќе предизвикува огромен стрес на суровините и енергетските ресурси.

Нашиот прехранбен систем останува еден од најголемите придонесувачи за климатските промени, генерирајќи значителни количини цврст отпад и испуштајќи стакленички гасови. И загубата на храна (која ја предизвикуваат добавувачите на храна во синџирот на вредност, со исклучок на трговците на мало и потрошувачите) и отпадот од храна (предизвикан од трговците на мало или потрошувачите), иако се случуваат во различни делови од системот за храна, тешко се следат поради недостаток на податоци од многу земји, но се проценува дека годишно ширум светот се губат околу 1,3 милијарди тони храна.

Во Азија, според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО), се фрлаат до 11 килограми храна по жител во регионот на земјите во развој и 80 килограми храна по жител во развиените земји. Како што регионот продолжува да се развива и нивоата на приходи се зголемуваат, така ќе се зголемуваат и потрошувачките навики и трошењето, особено во урбаните центри кои брзо се прошируваат.

Важно е да се сфати дека храната е слична на другите производи што луѓето ги консумираат на линеарен начин, што значи дека има многу малку рециклирање на неискористени или фрлени материјали. Овој модел на потрошувачка неизмерно ги оданочува ресурсите и животната средина. Во овој процес владите мора да се сложат дека за постигнување одржлива економија ќе бидат потребни иновации за транзиција кон кружна економија, која, во контекст на употребата на храна, се стреми да го намали износот на трошење. Храна која се фрла, на пример, не треба да заврши на депонии – може да се користи за други цели.

Извор: https://www.eitfood.eu/

Концептот на кружна економија може да се категоризира во три вида активности: примена на кружен модел за управување со системот за храна; забавување на тековите; и стеснување на тековите. Кружниот модел и забавувањето на протокот се најрелевантни за намалување на отпадот од храна.

Примена на кружниот модел за управување со системот за храна наместо фрлање на храна е вид на кружна економија што може да го намали оптоварувањето на земјоделските ресурси. Неискористената храна и отпадот од храна може да се рециклираат за други цели. Земјоделската индустрија, вклучена во почетните фази на синџирот на снабдување со храна, може да игра витална улога во овој процес преку усвојување на агрошумарски практики, регенеративни методи на земјоделство и употреба на органски ѓубрива создадени од отпадоци од храна.

Исто така, постојат економски можности за компаниите да истражуваат нови пазари за отпадоци од храна кои обично завршуваат на депонии. Некои примери вклучуваат искористување на отфрлена кора од пченка, лушпа од цвекло, шеќерна трска и кора од компир како алтернативи на пластиката.

Вториот тип на циркуларна економија има за цел да го забави протокот со тоа што ќе осигура дека производот е искористен до својот целосен потенцијал. За системот за храна, кружната економија ќе најде алтернативи за отпадот од храна и наместо вообичаениот линеарен модел на потрошувачка, може да овозможи собирање на отпадот од храна за враќање на енергијата преку анаеробно варење.

Во овој процес, биогасот се произведува кога бактериите го разградуваат отпадот од храна во затворена средина во која нема кислород. Биогасот потоа може да се искористи за генерирање енергија, со што на крајот се намалува зависноста од фосилните горива и се намалуваат емисиите на стакленички гасови. Нуспроизводите од овој процес може дополнително да се користат како ѓубриво за земјоделски култури или почва во области каде што ерозијата е проблем.

За решавање на проблемот поврзан со вишокот на храна активни се повеќе иницијативи, а особено е значајно активно вклучување на претставниците од приватниот сектор преку донации на храна. Така би им се помогнало на над 13 илјади граѓани изложени на ризик.

proekt plutos

Во рамки на програмата на ЕУ за истражување и иновации „Хоризонт 2020“ активен е и проектот Плутос кој има за цел да го подобри целиот синџир во  земјоделско-прехрамбениот сектор  со примена на модел за управување со донации и вишоци на храна. Како дел од Плутос проектот, континуирано се развиваат 11 пилот-проекти меѓу кои е и проектот предводен од Foodscale Hub Србија, а како партнер од С. Македонија е здружението Платформата за зелен развој.

Во рамките на  споменатиот проект, здружението Платформа за зелен развој,  планира низа пилот активности поврзани со процесот на донација на храна и решавање на проблемот со отпад од храна. Нивната намера е преку едниствената платформа FoodSHare да се поврзат операторите на храна (земјоделците, индустриските произведувачи, дистрибутерите, малопродажните синџири), со крајните корисници на донации на храна  т.е. народни кујни, хуманитарни организации и социјално загорезени  категории на граѓани.

За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на проектот: https://ploutos-h2020.eu/

Повеќе информации во врска со споменатата платформа може да добиете на:
https://foodshare.foodscalehub.com/mk

Доколку сакате да бидете дел од оваа хуманитарна приказна регистрирајте се за донација на следниот линк: https://foodshare.foodscalehub.com/mk/Identity/Account/Register

Да ја зачуваме храната

 

Автор: Ангела Живачки

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Вести, Слајдер