Петок 01.04.2022: Под влијание на циклонска активност и понатаму времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за локална појава на град. Ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите ќе бидат пролетно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.
Сабота 02.04.2022: И понатаму ќе бидеме под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран од запад, па така времето ќе биде променливо облачно, додека во текот на денот ќе започнат врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На некои места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за локална појава на град. Во западните планински предели ќе има услови и за врнежи од СНЕГ. Ќе дува засилен до наместа СИЛЕН ветер од јужен правец. Што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 8 степени и ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите утрини, додека максималните исто така ќе бидат нешто пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.
Недела 03.04.2022: Променливо облачно и ПОСВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен правец, додека Долж Повардарието и на истокот ветерот ќе биде претежно од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат пониски за разлика од изминатите утрини и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните исто така ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.
Петок 01.04.2022: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 22 степени.
Сабота 02.04.2022: Променливо облачно со засилен ветер од јужен правец. Во текот на денот ќе започнат врнежи од дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 14 и 15 степени.
Недела 03.04.2022: Променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец и со повремени локални врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места ќе има услови за врнежи од снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 0 и 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 13 степени.
Петок 01.04.2022: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со засилен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Минималната температура ќе се спушти до околу 9 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 19 степени.
Сабота 02.04.2022: Променливо облачно со засилен ветер од јужен правец. Во текот на денот ќе започнат врнежи од дожд, а ќе има услови и за локална нестабилност проследена со грмежи и силен ветер. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 16 степени.
Недела 03.04.2022: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено и локално и засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 16 степени.
Петок 01.04.2022: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со засилен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 20 степени.
Сабота 02.04.2022: Променливо облачно со засилен ветер од јужен правец. Во текот на денот ќе започнат врнежи од дожд, а ќе има услови и за локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 16 степени.
Недела 03.04.2022: Променливо облачно со услови за повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено и локално и засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 14 степени.