Сабота 05.02.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Во текот на ноќта и тоа особено во западните предели ќе има услови за локални врнежи од дожд и снег. Наутро ќе биде студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.
Недела 06.02.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен, додека максималните дневни ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.
Понеделник 07.02.2022: Претежно облачно, а особено од попладневните часови ќе започнат нови врнежи од дожд и од снег на пониските места, и само снег на планините. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет, додека кон крајот на денот и навечер ќе дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени, додека максималните дневни ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.
Сабота 05.02.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -3 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 8 степени.
Недела 06.02.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од јужен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 7 степени.
Понеделник 07.02.2022: Претежно облачно, додека попладне и навечер ќе започнат нови врнежи од дожд и од снег. Најпрвин ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, а кон крајот на денот и навечер ќе дува засилен северен ветер. Наутро температурите ќе се спуштаат до околу 0 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 10 степени.
Сабота 05.02.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 10 степени.
Недела 06.02.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушта до околу 0 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 9 степени.
Понеделник 07.02.2022: Претежно облачно, додека попладне и навечер ќе започнат нови врнежи од дожд. Кон крајот на денот и навечер ќе започне да дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 10 степени.
Сабота 05.02.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 9 степени.
Недела 06.02.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 8 степени.
Понеделник 07.02.2022: Претежно облачно, додека особено од попладневните часови ќе започнат нови врнежи од дожд и од снег. Особено попладне и навечер ќе започне да дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.