Тридневна временска прогноза (14.04.2020)

Тридневна временска прогноза (14.04.2020)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 14 – 16 април 2021 година

Среда 14.04.2021: Променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, додека на високите планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер, Долж Повардарието од северен и од северозападен, додека во западните предели од југозападен и западен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

Четврток 15.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за слаб локален дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува, особено Долж Повардарието. Минималните теператури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 18 степени.

 

Петок 16.04.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон сабота од југозапад ќе се прошират врнежи кој ќе бидат од дожд на ниските и од снег на планините. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.