Тутунарите незадоволни од многу ниска откупната цена

Тутунарите незадоволни од многу ниска откупната цена

 

 

Тутунарите не се задоволни од годинашната откупна цена и покрај тоа што речиси три четвртини од тутунот се веќе откупен. Просечната откупна цена годинава изнесува 194 денари за килограм е многу ниска со оглед на зголемените трошоци на сите репроматеријали и работна рака. Тутунарите не се откажуваат од нивната борба за повисока цена и реална проценка на класите.

Претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски вели дека тутнартите не се задоволни од оваа цена и бараат реална проценка и повисока цена по класи. Не може откупната цена на тутунот да биде пониска од лани кога се е поскапено, репроматеријалите, работна рака, а пораснаа и трошоците на живот.

– Ги повикувам тутунарите заеднички да се избориме за нови цени. Потребно е производителите да имаат поголема и рамноправна улога во целиот тек на реколтата, од потпишувањето на договорите до откупот. Сојузот да решава дали ќе се потпишат договорите со цени на кои инсистираат откупувачите, а не како досега тие да ја имаат доминантната улога. Токму дека тоа се приватни компании и дека е пазарна економија. Треба да имаме рамноправно учество како договорни страни, објаснува Стомнароски.

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени околу 74 отсто од вкупното договорено количество на тутун, односно околу 16.500 тони од вкупно 22 илјади тони за коишто се склучени договори.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски вели дека субвенциите за тутун продолжуваат, а досега околу 94 отсто од откупениот тутун веќе им е исплатен на тутунопроизводителите од страна на откупувачите.

Според него, нема простор за незадоволство, бидејќи Владата презема мерки и покажа грижа за оваа гранка, за што говори и исплатата на 5 милиони евра поддршка на тутунопроизводителите од Ковид програмата.

 

Категории: Вести