Фармдроид – првиот автономен робот за сеидба и отстранување на плевели

Фармдроид – првиот автономен робот за сеидба и отстранување на плевели

 

Фармдроид ФД20 претставува првиот автономен робот за сеидба и отстранување на плевели. Функционира на принцип на соларна енергија со помош на 3 соларни панели приклучени на сопствена батерија која овозможува извршување на операции и до 24 часа без никакво дополнително надворешно полнење.

Со помош на својот гео-кординативен систем овој автономен робот го поставува секое семе со милиметарска прецизност, создавајќи перфектна геометриска мрежа со позната позиција за секое семе. Поради овој факт, отстранувањето на плевелите може да започне и пред никнување на културата. Еден робот може да ги постигне овие две операции на површина до 20 хектари во една сезона, без разлика дали се повеќе различни полиња или пак различни култури.

 

 

Фото: entraid.com

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Иновации