Кина е на добар пат за создавање на автономен трактор кој работи на ќелии од водород и гориво. Името на новиот е-трактор е ЕТ504-Х кој има футуристички изглед, автопилотско возење и далечинско контролирање. Со ова кинеските истражувачи сакаат да создадат производ кој нема да ја загрозува животната средина и воедно да се позиционираат високо на пазарот за механизација во земјоделското производство.
Тракторот работи со помош на 5Г мрежата и е развиен во соработка на истражувачки центри од Луојанг, централна Кина и најголемиот произведувач на трактори и тракторска опрема YTO.
Хибридниот концепт е целосно електричен. Водородните ќелии го придвижуваат тракторот во услови кога нема извршување на тешки операции. Во случај на потреба за поголема сила, се вклучува и литиумската батерија која допринесува со 50 коњски сили и максимална брзина од 30 километри на час.
Тракторот е специјално дизајниран да функционира без возач. Со помош на 5Г мрежата и со ГПС антени, радари и технологија за процесирање на огромна количина на податоци автономното возење е возможно.
“Со овој трактор сакаме локално да демонстрираме дека автономноста и алтернативните горива може да биде реалност во земјоделската практика. ЕТ504-Х помина низ серија тестови, но високата цена за производство на батериите не ветува комерцијална продажба во иднина.” – изјави заменик генералниот менаџер на истражувачкиот центар.
Автор: Марио Петковски
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.