Црногорското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство објави список на земји од кои е забранет увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, нивно месо и производи, со цел да се спречи свинската чума.
Како што се наведува во владината одлука за увоз и транзит, забранет е увоз на свињи од Р.С.Македонија и делови на Србија, односно од Пиротскиот, Зајечарскиот, Борскиот, Браничевскиот и Подунавскиот округ.
По исклучок, увозот може да се одобри за одредени месни производи и производи кои содржат месо со потекло од домашни свињи само доколку ги исполнуваат условите пропишани со наредбата за забрана за увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, месо и месни производи, се додава во соопштението.
Забраната се однесува и на Филипини, Источен Тимор, Индонезија, Индија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Кина, Кенија, Лаос, Молдавија, Мјанмар, Намибија, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска, Папуа Нова Гвинеја, Русија, Украина, Виетнам и Замбија.
Извор: Danas