Што претставува регенеративно земјоделство?

Што претставува регенеративно земјоделство?

 

Регенеративно земјоделство е термин кој ги опфаќа оние земјоделски практики, како и методите на напасување кои, покрај другите придобивки за околината, имаат реверзибилен ефект врз климатските промени, обновувајќи ги органските материи во почвата и враќајќи го деградираниот биодиверзитет на почвата – што резултира со повлекување на јаглерод и подобрување на циклусот на водата.

Поточно, регенеративното земјоделство е холистичка практика за управување со земјиштето што ја користи моќта на фотосинтезата кај растенијата за да го затвори јаглеродниот циклус, да се унапреди здравјето на почвата, издржливоста на културите и да се подобри густината на хранливите материи. Регенеративното земјоделство го подобрува здравјето на почвата, пред сé преку практики кои ја зголемуваат органската материја во почвата. Ова не само што помага во зголемување на разновидноста и здравјето на живиот свет во почвата, туку ја зголемува и биолошката разновидност над и под површината на почвата, истовремено зголемувајќи го капацитетот на задржување на вода и одвојувајќи го јаглеродот на поголема длабочина, со што се намалуваат нивоата на атмосферски CO2 кои негативно влијаат врз климата, притоа подобрувајќи ја веќе деградираната структура на почвата. Истражувањата продолжуваат да ги откриваат штетните ефекти врз почвата од прекумерно обработување, примена на земјоделски хемикалии и ѓубрива засновани на соли. Регенеративното земјоделство ја менува оваа парадигма.

Во продолжение, погледнете го ова видео [со македонски превод во CC] – во кое накусо е претставен методот на регенеративно земјоделство. Главните актери во видеото го објаснуваат нивното „регенеративно“ секојдневие, велејќи дека „Рај на земјата сепак може да постои“.

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Зелен развој