Био-базирани ѓубрива – чекор напред кон циркуларна економија

Био-базирани ѓубрива – чекор напред кон циркуларна економија

 

Ограничените природни ресурси, климатските промени, растот на популацијата, деградација на почвата се широко распространети предизвици кои преовладуваат во многу земји. Се спроведуваат најразлични напори и се пронаоѓаат решенија на овие прашања, а креирањето на функционална циркуларна економија е сеопфатен пристап кој се протега низ различни индустрии и региони.

Во рамките на циркуларната економија, рециклирањето и повторна употреба на суровини и продукти се основни принципи. Овие принципи не се ограничени само на пластичен отпад, туку опфаќаат различни материјали како биомаса и органски материи. Во секторите како што се земјоделството, шумарството и сродните области, конверзијата на биомасата и органската материја во вредни производи е особено истакната. Додека земјоделските нуспроизводи можат да послужат како инпут за производство на биогорива, добиточна храна, биохемиски полупроизводи и многу повеќе, забележителна примена е производството на био-базирани ѓубрива или био-ѓубрива.

Европското земјоделство значително се потпира на употеба на хемиските ѓубрива, и покрај зголемениот интерес за алтернативи био-базирани ѓубрива. Био-базираните ѓубрива нудат потенцијално решение за справување со предизвиците поврзани со конвенционалните ѓубрива. Покрај нивните јасни придобивки за одржливост, овие ѓубрива може да бидат решение за надминување на ризиците поврзани со намалувањето на плодност на почвата преку природни процеси. Покрај тоа, од иновативна перспектива, тие ги стимулираат истражувањата, инвестициите и технолошкиот развој, поттикнувајќи напредок не само во производите и технологијата, туку и во областа на циркуларната економија.

Покрај зголемениот интерес околу био-базираните ѓубрива, нивното широко усвојување во комерцијалниот сектор е сè уште во рана фаза, на што влијаат различни фактори. Различните национални стандарди и прописи создаваат пречки за производителите кои се обидуваат да го зголемат пазарот на глобално ниво, што најчесто резултира со произведените био-базирани ѓубрива да остануваат во нивната земја на потекло. Ова го нарушува балансот на понудата и побарувачката.

Напорите на Европската комисија да ја процени можноста за инкорпорирање на био-базирани/органски ѓубрива во постојните регулативи за ѓубрива и давање пристап до ознаката CE во широка рамка помагаат при ублажување предизвиците. Овој пристап обезбедува квалитет и безбедност на производот, усогласувајќи се со производите означени со CE.

Иновативните дизајни и технологии кои ги трансформираат земјоделските нуспроизводи и компонентите на биоотпадот во вредни суровини (и примарни и секундарни) за индустријата за ѓубрива ветуваат ефективни решенија за обновување на хранливи материи. Овие достигнувања имаат потенцијал да ја подобрат ефикасноста на синџирот на вредност на био-базираните ѓубрива. Дополнително, намалувањето на зависноста од увоз, особено за суровини, може да го намали исцрпувањето на ресурсите и потенцијално да го намали негативното влијание врз животната средина од индустријата за ѓубрива.

циркуларна економија

Подобрувањето на искористување на ресурси богати со хранливи материи како што се шталско ѓубриво, отпадна тиња и отпадоци од храна за производство на биоѓубрива претставува можност. Спроведувањето на подобрени практики за ракување и складирање може да ублажи одредени загуби. Понатаму, развојот на техники за преработка кои го претвораат ѓубривото во концентрирани производи, ја подобруваат стабилизацијата и екстракцијата на хранливи материи од тињата и го оптимизираат собирањето и преработката на отпадот од храната, може да даде производи богати со хранливи материи со оптимална биорасположивост.

Комплементарно на оваа содржина од пазарот на био-базирани ѓубрива, проектот Б-Ферст финансиран од страна на ЕУ има за цел  да го интегрира валоризирањето на био-отпадот во земјоделското управување преку создавање на нови кружни (циркуларни) и био-базирани синџири кои започнуваат од биолошкиот отпад. Проектот Б-Ферст промовира директна интеракција помеѓу фармерите и секторот за ѓубрива, со цел да го промени пристапот кон вештачките ѓубрива, преку развојот на осум иновативни ѓубрива со специјализирани хранливи материи кои ќе обезбедени со прилагодено дозирање приспособено на потребите на земјоделците, се цел  подобрување на ефикасноста и одржливоста.

Приоритетите на проектот Б-Ферст вклучуваат:

  • Валоризација на недоволно експлоатираниот био-отпад за одржливо земјоделско управување.
  • Развој на осум нови производи за широка потрошувачка на зелени ѓубрива кои се достапни по конкурентни цени.
  • Намалување на зависноста од суровините преку замена на 15-40% со биолошки отпад.
  • Подобрување на одржливоста и управувањето на вештачките ѓубрива во земјоделството.
  • Намалување на потрошувачката на вода, енергија и јаглерод за 10%.
  • Дефинирање на упатства за сертификација и стандарди за квалитет на ниво на ЕУ.
  • Подобрување на економската состојба на земјоделците преку развој на прилагодени хранливи материи.

Проектот Б-Ферст претставува значителен напор во промовирањето на одржливо земјоделство и развојот на био-базирани ѓубрива, што допринесува кон заштита на животната средина и одржлив раст на земјоделската индустрија.

 

Автор: Ангела Живачки

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.