По предлог на економските ресори Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2021 година кој носи повеќе измени, како на приходната така и на расходната страна од првичните проекции и ќе важи за втората половина на годината, бидејќи власта најави стабилизација без очекувања за следен ребаланс.
Опозицијата најави дека нема да го поддржи ребалансот во Собранието бидејќи со него не се предвидени повеќе капитални инвестиции, а се намалува поддршката за најпогодените категории како што се земјоделците.
Министерот за земјоделство Аријанит сепак, застана во одбрана на ребалансот велејќи дека баш напротив, средствата за земјоделците и поддршката на руралниот развој се зголемени. Според изјавите на Хоџа предвидени се средства за исплата на сите преостанати субвенции, како и воведување на нови мерки во програмата.
Како директни плаќања додадени се дополнителни средства во делот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, околу 3 милијарди денари, а дополнителни над 500 милиони се додадени во делот на рурален развој.
Опозицијата исто така ги критикува измените кои ќе предвидат нов данок за увоз на дизел горива. Така нафтата ќе поскапи за 4 денари од литар што може да предизвика нов бран на инфлациски притисоци. Исто така нафтата како основен ресурс ќе ги зголеми трошоците и на многу земјоделци на директен начин.
Со новиот данок на дизел власта очекува да собере годишно околу 50 милиони евра дополнително во буџетската каса и на тој начин да ги пополни празнините на приходната страна.
Власта исто така се пофали дека со направениот ребалансот се зголемени и предвидените капитални инвестиции, намалени се трошоци на повеќе буџетски корисници кои неефикасно ги водат програмите и дека ќе има и натаму средства за поддршка на стопанството и граѓаните во тек на криза со КОВИД-19 пандемијата.
Фото: Шутерсток