Ќе има и протести ако не се повлече предлог Законот за продажба на државно земјоделско земјиште

Ќе има и протести ако не се повлече предлог Законот за продажба на државно земјоделско земјиште

 

Првите протести за предложеното законско решение за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост ги најави иницијативата Граѓански фронт.

„Законот за продажба на земјоделско земјиште не се носи со намера да им се помогне на земјоделците туку зад него лежи намерата да се распродаде Македонија. Сакаат да не претворат сите во закрепостени селани и во робови кои работат во рудници“, изјави Јордан Трајков претседавач на Граѓански фронт.

Доколку и натаму нема повлекување на предлог законот првиот помасовен протест ќе се одржи на 24 мај.

Трајков вели дека со законот ќе се реализира распродажба на државното земјоделско земјиште на странски богаташи преку коруптивни зделки бидејќи со продажбата со договор во четири очи ќе се реализираат дел од големите продажби на земјиштето.

„И да добиеме милијарди евра ние не смеееме да го оттуѓиме овој стратешки битен ресурс“, вели Трајков.

Досега против предложениот текст на законот се повеќе невладини организации, граѓански здруженија, како и експерти и професори.

Мета на критики е ниската откупна почетна цена при објава на јавните повици за распродажба на плодното земјиште во државна сопственост, можноста истото да се пренамени во градежно по одреден временски период, како и да се искористи за геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини, опасноста од влез на странски фондови кои ќе ги стават во неповолна положба домашните земјоделци и губењето на стратешки ресурс за еднократна финансиска придобивка.

 

Категории: Вести