Потребни состојки:
- 2 авокада ( средна величина)
- 100гр туна во вода (водата целосно ќе ја исцедите)
- 2 лажици мајонез
- 3 млади кромитчиња (исечкан на мали парчиња)
- ½ црвена пиперка (исецкана на мали парчиња)
- 1 лажица оцет (обичен или балсамико)
- ¼ лажичка бибер
- прстофат лук во прав
- сол по желба
- магданос за декорација
Подготовка на смеса:
Bо еден сад смешајте ги туната, кромитчињата и мајонезот. Потоа додадете ги оцетот, биберот, солта, лукот во прав и мешајте.
Авокадата, пресечете ги авокадата на половина, отстранете ја семката и излупете ги. Направената смеса поделете ја на 4 дела и ставете ја врз секоја половина од авокадо. Декорирајте со магданос.
Автор: Александра Силјановска
Категории:
Здрава храна