Дали 2% од богатството на Илон Маск ќе го решат гладот во светот?

Дали 2% од богатството на Илон Маск ќе го решат гладот во светот?

 

„Ако Светската програма за храна, користејќи транспарентно и отворено сметководство, „може на оваа тема на Твитер да опише точно како 6 милијарди долари ќе го решат гладот во светот, јас ќе ги продадам акциите на Тесла веднаш и ќе го сторам тоа“, напиша Маск во објава на Твитер.

Илон Маск
Илон Маск ќе даде 2 отсто од своето богатство, или 6 милијарди долари, за да го реши гладот во светот, само ако од Обединетите Нации му објаснат како тоа ќе го реши проблемот, пишува Блумберг

Маск одговараше на коментарите на Дејвид Бисли, директор на Светската програма за храна на ОН, кој во твитот го спореди буџетот на Светската програма за храна, кој изнесува 8,4 милијарди долари, со само 2 отсто од парите на Маск, притоа прашувајќи: „зошто тоа не го реши проблемот со гладот во светот“?

Бисли во твитот го повика Маск, но и Џеф Безос, двајцата мажи на врвот на индексот на милијардери според индексот на Блумберг.

„Само 6 милијарди долари би можеле да спречат 42 милиони луѓе да умрат“, напиша Бисли.

А на тоа Маск му одговори:

„Ако Светската програма за храна, може тука на Твитер да опише точно како 6 милијарди долари ќе го решат гладот во светот, јас веднаш ќе ги продадам акциите на Тесла и ќе го решам тоа“, напиша Маск во објава на Твитер.

Маск е извршен директор на компанијата за електрични возила, која минатата недела им се придружи на неколкуте компании вредни повеќе од 1 трилион долари. Сумата од 6 милијарди долари би била само мал дел од моменталната нето вредност на Маск, која изнесува вкупно 311 милијарди долари.

Неговото богатство во петокот се зголеми за нови 9,3 милијарди долари.

Извор: Boomberg

Категории: Вести

Слични Новости