Дизелот се намалува, бензините поскапуваат

Дизелот се намалува, бензините поскапуваат

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,504 ден/кг и сега ќе изнесува 39,360 ден/кг.

Малопродажните цени на  ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 и се зголемува за 0,50 ден/лит., додека пак ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.12.2021 година.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,50  ден/лит и 75,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98,  а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 64,00 ден/лит, односно 64,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .

 

Категории: Вести