Топ 10 успешни приказни – За кои 10 агробизниси имаше најголем интерес на Моја Фарма во 2021

Топ 10 успешни приказни – За кои 10 агробизниси имаше најголем интерес на Моја Фарма во 2021

 

Изминатава година беше интересана според многу параметри. И покрај предизвиците кои ги донесе Ковид-19 пандемијата, сепак на површина излегоа некои успешни приказни, за кои слушнавме од наши пријатели, ги најдовме случајно пребарувајќи на интернет или едноставно допревме до нив вршејќи ја нашата примарна истражувачка задача.

Секогаш кога ќе добиевме информација за успешна агробизнис приказна, стапувавме во контакт со луѓето кои стоеја зад тој проект. Знаевме и знаеме дека нашите читатели сакаат да прочитаат за успешни бизниси предводени од млади лица, па во 2021 Ви пласиравме десетици такви стории, за кои имаше прилично голем интерес.

Да се потсетиме – кои беа најчитаните инспиративни успешни приказни кои го привлекоа Вашето внимание!? Подолу, во форма на ТОП ЛИСТА, Ви ги претставуваме 10-те најчитани успешни приказни за 2021:

 

10. https://bit.ly/3eLD0lc Интервју Коцев: Нашето ладно цедено сончогледово масло е пандан на маслиновото, Био Оил ќе соработува со земјоделците и ќе ги смени стереотипите на потрошувачите

9. https://bit.ly/31nQhgM Интервју Парцански: Љубовта кон природата ни ја продолжува традицијата во пчеларството

8. https://bit.ly/31l6EL3 Интервју со Давид од „Кози, млеко, планина“: Непроценливо е да уживате во земските плодови

7. https://bit.ly/3eLv7w7 По природа сме љубопитни и авантуристи – Храбро и одлучно ја отворивме рибарницата во Скопје

6. https://bit.ly/3zoyEKb Во Дворче со Темелковски: Ја препознаа нашата искреност, со вкус и ароми кои не враќаат во детството

5. https://bit.ly/3eIqzXi Успешен агробизнис во околината на Скопје, Наша Фарма – Семејна фарма со многу љубов

4. https://bit.ly/3qHoSPq Урбани момци, во рурално опкружување – Фарма Зрзе, инспиративна фармерска приказна на браќата Шемкоски од Скопје

3. https://bit.ly/3ziSEhe Фармер на денот: Саше Китановски големата љубов кон животните ја претвори во фармерски бизнис

2. https://bit.ly/31l8ATP Млад ентузијаст, посветен заштитник на природата и пчелите: Опасноста од изумирање на пчелите е реална!

1. https://bit.ly/3pMe4Aq Фармер на денот – Никола Богдановски со само 21 година поседува голема фарма

 

Се надеваме дека ќе биде интересно уште еднаш да се прочитаат овие стории, во кои главни ликови се претежно млади момци и девојки, кои храбро се справуваат со потешкотиите кои им се препречуваат на патот и цврсто газат кон остварување на своите соништа.