Апел од општина Кавадарци – Земјоделците да внимаваат при горење на отпад од нивите
211 Прегледи
Општина Кавадарци апелира, земјоделците да внимаваат при горење на отпадот од нивите за превентивно да се спречи појавата на пожари.
– Овие денови, кога обработката на земјоделските површини е во најголем замав, апелираме на зголемена претпазливост, совесно и одговорно однесување, особено при палење на гранките на лозовите и овошните насади, бидејќи и најмало невнимание може да биде причина за пожар со катастрофални последици по здравјето на луѓето, природата и животната средина, стои во апелот од кавадаречката локална самоуправа.
Општината потсетува дека во изминатиот период се случувало да се предизвикаат пожари, токму од горење на лозови и овошни прачки, по нивната резидба во лозјата и овоштарниците.
Категории:
Вести