На 64. собраниска седница на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој.
Со овие измени и дополнувања на дело ја потврдуваме грижата за земјоделците и земјоделското производство.
Измените на законот предвидуваат процентот на субвенционирањето на нафтата за земјоделска механизација, таканаречената зелена нафта, да се зголеми двојно, односно од 50 на 100 %.
Тоа значи целосно покривање на трошоците за нафта за речиси 50.000 земјоделци кои и претходно ја користеа оваа мерка.
Во време на светска енергетска криза, кога цените на горивата на светските берзи растат, ова е важна мерка за зголемување на домашното земјоделско производство
Понатаму, во Законот се пропишува можност за авансна исплата на средствата од мерката Млад земјоделец, како и обврска за 30 отсто авансна исплата на мерките за директни плаќања.
Во време на глобална економска криза, постојаниот раст на цената на храната на светските пазари, и особено е важно да го поддржиме домашното земјоделство кое е една од клучните стопански гранки.