Трипуновски: Ако знаеле од ноември што ќе се случува во Украина зошто власта не обезбеди алтернативни пазари за македонските земјоделци
Поскапувањата кои се случуваат секој ден го погодуваат и земјоделскиот сектор, имаат сериозен удел во чинење на земјоделскиот производ и ќе влијаат во и онака тешката ситуација во македонскиот аграр. Гледаме дека растат цената на нафтата, електричната енергија и тоа ќе значи сериозно тешка година за македонскиот аграр, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Тој истакна дека една од нашите традиционални дестинации за пласман на македонските производи се Украина, Русија, делови од Молдавија, Полска каде што се извезува пролетната зелка, јаболкото, грозјето, праската и сега со новата ситуација оваа година овие производи плус виното ќе бидат стопирани, односно неоткупени.
– Македонија во Русија и Украина на годишно ниво за 2021 имала извоз 22 милиони евра, а тука ако ги додадеме тутунот и останати продукти доаѓа до 27 милиони извоз на земјоделски производи во овие две држави. Овие пари можеби некому не му изгледаат не како голема сума, но имаат сериозен ефект во земјоделието, тие опфаќааат голема категорија на наши сограѓани кои егзиситраат од производство на овие производи, но и компаниите кои работат со извоз на тие производи. Тоа значи дека оваа година договорите кои ги склучиле ќе бидат откажани и државата треба сериозно да размислува за алтернативни пазари, потенцира Трипуновски.
Тој посочува дека за десетина дена отсега стасува пролетната зелка во струмичкиот регион и таа може да остана неоткупена.
Делот на Василево, Босилово, Ново Село, дел на Валандово, Богданци каде околу 15.000 семејства одгледуваат пролетна зелка со реколтата од преку 60.000 тони, а од нив околу 45.000 се извезуваат во Русија и Украина и може да останат на нивите. Ако Пендаровски знаел од ноември што ќе се случи требало да најдат алтернативни пазари за земјоделците, но наместо тоа, тие молчат, нема никаков конкретен предлог, изјави Трипуновски.
Во врска со стоковите резерви тој истакна дека на власта приоритет и е марихуаната наместо пченицата, затоа сега молиме во други држави да ни дадат пченица.
– Сериозна влада ако знаела дека ќе се случи вакво нешто требаше да ги наполни стоковите резерви и да обезбеди дополнителни количини, за да не се доведеме во ситуација да молиме како што молевме за вакцини, и сега да молиме за брашно. Изминатиов период видовме дека власта не сака да каже колку имаме стокови резерви на пченица и останати продукти кои се важни како задолжителни. Видовме како претседателот на Србија, Вучиќ тврди дека Македонија побарала 50.000 тони пченица, рече тој.
Трипуновски истакна дека Македонија последниве години не произведува доволно пченица затоа што на власта поважна и е марихуаната.
– Согласно статистиката Македонија на годишно ниво има потреба од 300.000 тони пченица, а ние како држава изминативе години произведуваме од 240 до 250 илјади тони. Ова не било така отсекогаш, пред 7 години се произведуваше целата количина. Ова е официјално објавено на страната на министерството. Но изминативе 5 години гледаме дека на власта приоритет и беа полиња со марихуана. Наместо да се стимулираа земјоделците да произведуваат пченица, гледаме во некои села по две хали со марихуана. Сега криви ни се други и молиме за пченица, нагласи Трипуновски.
Тој посочи дека од тој и дал предлог на власта бидејќи има многу необработено земјоделско земјиште, сега е моментот, имаме уште 2-3 недели да ја фатиме пролетната сеидба, власта нека излезе во пресрет и нека го додели кај земјоделците.