Оризопроизводителите од кочанско без интерес за сеидба – Ќе има ли ориз оваа сезона?

Оризопроизводителите од кочанско без интерес за сеидба – Ќе има ли ориз оваа сезона?

 

 

Незадоволството кај оризопроизводителите од кочанско, предизвикано од неисполнувањето на нивните барања од страна на Владата и Министерството за земјоделство, доведе до револт кај оваа група граѓани. Имено, цените на нафтата и вештачките ѓубривата вртоглаво растат, а оризот останува најефтин. Пред почетокот на сеидбата и припремата на земјоделците од кочанско за производство на нова реколта ориз, поголем дел од оризарите со став дека нема да сеат ориз. Овој период од годината, полињата беа полни со земјоделци кои се подготвуваа за сеидба. Оваа година оризовите полиња се празни, бидејќи со 1500 денари колку што им останува на земјоделците не им се исплаќа ни трудот, а за другите трошоци воопшто и не сакаат да говорат.

– „Годинава нема да сееме, со овие цени е неисплатливо и полињата ќе стојат така. Воден надоместок, ѓубрива… Воопшто не планираме да сееме нека стојат така полињата“.

– „Сеев шест до сеум хектари, но на оваа ситуација нема толку да посеам“

Здравко Арсов вели дека ако не се исполнат веќе поставените издржани барања, оризопроизводителите ќе организираат генерален штрајк на ниво на државата, бидејќи со сегашната ситуација оризовите полиња ќе останат празни и во обраснати, налик на џунгла.

– „Нашите барања беа пред сеидбата цените да се договорат, оти ние без цена не можеме да сееме, од мерките за зелена нафта не сме добиле пари за 2021 и 2022. Бараме исплата на субвенции до крајот на март. Во спротивно нивите ќе останат празни“.

Оризопроизводителите бараат да им биде платена маката, бидејќи тие се столбот за исхрана во државата, додадва Арсов. Истовремено, поголем дел од произведувачите на белото злато од кочанско спас од кризата ќе бараат надвор од границите на државата, бидејќи као што истакнаа никој нема слух за нивните проблеми.

 

Категории: Вести, Слајдер