ВЕБИНАР: Акциски ориентиран пристап на предвидување за рурален развој

ВЕБИНАР: Акциски ориентиран пристап на предвидување за рурален развој

 

Предвидувањето на можни исходи како дисциплина постои со децении, со широк опсег на индустрии во кои оваа дисциплина може да биде аплицирана, од малопродажба до рурален развој.

Неодамна, предвидувањето беше искористено од страна на Европската комисија за да развие долгорочна визија за руралните области до 2040 година. Аналитичките студии за иднината имаат своја заслуга и се соодветни во одредени контексти, но тие не се исто што и предвидливоста. Таа е повеќе партиципативна дисциплина, односно дисциплина ориентирана кон акција, наместо да биде базирана чисто на истражување.

Повеќе за предвидувањата во областа на руралниот развој ќе се говори на првиот вебинар организиран од страна на европскиот проект Полирурал, во кој како претставник од Македонија ќе биде г-дин Благоја Муканов, генерален и одговорен директор и воедно и сопственик на АгФутура Технологии. АгФутура Технологии е компанија посветена на земјоделскиот сектор и прехрамбената индустрија, нивно унапредување со помош на иновативни решенија од областа на прецизното и дигиталното земјоделство, а во сферата на интерес на компанијата спаѓаат и руралниот развој, бизнис развојот како и маркетинг во земјоделско прехрамбената индустрија. Освен претставникот од Македонија, активно учество на настанот ќе земат и г-дин Патрик Креан, како и г-дин Џон Џ. О’Флаерти.

Овој вебинар ќе ја претстави рамката за предвидување користена во проектот Полирурал како алатка за управување со промените во руралните региони. Учесниците најнапред ќе се запознаат со клучните концепти и методи кои ја поткрепуваат рамката, за потоа да се запознаат со прелиминарните резултати од нејзината имплементација во регионот Монаган (Република Ирска) и Гевгелиско-Струмичкиот регион (Македонија).

Настанот ќе има интерактивна сесија за да им овозможи на учесниците да поставуваат прашања и/или да одговорат на која било од точките споменати во презентациите.

За повеќе информации и за регистрација на настанот видете го следниот ЛИНК.

 

Слични Новости