Во месец јануари, Државниот инспекторат за земјоделство на Р. Македонија објави вест за зголемена вредност на извозот на јаболкото во 2020 година. Од анализа за извозот на јаболко од страна на аналитичкиот тим на МФ за периодот јануари-декември 2020 може да се заклучи дека вредноста на извозот е зголемена за 21% во односн на 2016 година како најуспешна година во последните 8 години односно од 21.7 милиони евра на 26.3 милиони евра. 2018 години е најслабата година анализирано од аспект на вредноста на извозот (8,3 милиони ЕУР) што е резултат пред сѐ на значајно помалата количина на извоз, со просечна цена од 0,315 ЕУР по килограм.
Вкупната количина на извоз во 2020 година изнесува 91.688 тони што е за 2.034 тони (2%) помалку во однос на извезената количина во 2019 година (93.721 тони), додека во однос 2014 како година со најмал извоз, зголемувањето е за 41%.
Значајно за националниот девизниот прилив како и за потекторот овоштарство е податокот дека зголемената вредност на извозот во голема мера е резултат на зголемената просечна цена по килограм извезено јаболко, односно од 0,202 ЕУР во 2019 на 0,450 ЕУР во 2020. Ова претставува процентуално зголемување од 121% во однос на 2013 година како најслаба година односно зголемување од 15% во однос на 2017 како година со втора највисока просечна цена. Може да се каже дека секторот во 2020 година остварил значајно поповолна трговска позиција во однос на претходните години.
Анализата на трендот на извозот во секторот покажува конзистентност во текот на една година. За целиот анализиран период, односно од октомври до март, количината на извоз е најголема за да во пролетниот и летниот период (јули-септември) извезеното количество значително се намалува. Токму поради овој тренд цената на јаболката е највисока во летниот период.
Претпоставка е дека ваквите резултати во секторот се предизвикани од влијанието на пандемијата. Имено оваа глобална криза значајно го наруши логистичкиот синџир на трговија на глобално ниво. Имајќи ги предвид добрите резултати од пласманот на македонското јаболко на традиционалните пазари на извоз може да се претпостави дека конкуренцијата од други земји добавувачи за време на кризата очигледно е значајно намалена.
Автор: Благоја Муканов
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.