Тридневна временска прогноза (16.04.2020)

Тридневна временска прогноза (16.04.2020)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 16 – 18 април 2021 година

Петок 16.04.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон сабота од југозапад ќе се прошират врнежи кој ќе бидат од дожд на ниските и од снег на планините. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

Сабота 17.04.2021: Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец и истиот повремено долж Повардарието ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

 

Недела 18.04.2021: Претежно облачно со повремено локални врнежи од дожд. Снег ќе врне само на највисоките планински места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, истиот повремено на некои места ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.