(Видео) Супер иновативна машина која уништува плевели и ја штити животната средина

(Видео) Супер иновативна машина која уништува плевели и ја штити животната средина

 

Стартап компанијата Crop.Zone излезе на европскиот пазар со иновативна машина за отстранување на плевели со помош на електрична енергија. Со помош на специјална органска течност која има висока електроспроводливост првин ги третира растенијата, односно плевелите и веднаш по аплицирањето на течноста протекува електрично полнење кое ги уништува плевелите.

Употребата на овој вид механизација придонесува кон подобрување на животната средина, бидејќи нема третирање на плевели со хербициди кои не ретко се докажале како штетни за луѓето и околината.

Од страна на Универзитетот за иновациски спринтови од Ахен е донирана финансиска помош за пилотирање и производство на првиот прототип од овој вид на механизација. Три месеци по пилотирањето се вршеле тестирања во реални услови од страна на фармери во околината на Ахен, Германија Резултатите покажале дека контролата на плевелите е со висока ефикасност и намалена потрошувачка на енергија за разлика од конвенционалните методи за отстранување на плевели.

Комерцијалниот продукт ќе биде достапен во 2021 година за Германија, Швајцарија, Белгија, Луксембург и Холандија.

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Иновации