Тридневна временска прогноза (01.06.2021)

Тридневна временска прогноза (01.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  1 – 3 јуни 2021 година

Вторник 01.06.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, особено попладне кога ќе има услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Среда 02.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени. Во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 27 степени.

 

Четврток 03.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Попладне, особено во планинските предели на запад ќе има услови за локален краткотраен дожд. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.