Тридневна временска прогноза (21.07.2021)

Тридневна временска прогноза (21.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 21 – 23 јули 2021 година

 

Среда 21.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и на истокот повремено засилен ветер од северен правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).

Четврток 22.07.2021: Сончево и топло. Особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите нема многу да се менуваат за разлика од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).

Петок 23.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Температурите нема да се менуваат и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 20 степени во најтоплите предели, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).