Тридневна временска прогноза (28.09.2021)

Тридневна временска прогноза (28.09.2021)
Тридневна временска прогноза (28.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 28 – 30 септември 2021 година

Вторник 28.09.2021: Променливо облачно и нестабилно, особено попладне со локална појава на дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање, особено максималните. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Среда 29.09.2021: Претежно облачно и СВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд, особено од пладневните часови па натаму. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на уште поголемо опаѓање и тоа поради продор на постуден воздух од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Четврток 30.09.2021: Претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд, особено во западните предели каде ќе има услови и за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Вторник 28.09.2021: Променливо облачно и нестабилно, особено попладне со локална појава на дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 25 степени.

Среда 29.09.2021 Претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 22 степени.

Четврток 30.09.2021: Претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.