Намалена цената за ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98

Намалена цената за ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40 %.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 ден/кг и сега ќе изнесува 39,780 ден/кг.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и  на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголемат за 1,00 ден/лит. Од друга страна, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намалат за 1,00 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 72,00 ден/лит и 74,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98,  а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 65,00 ден/лит, односно 63,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .

 

Фото: Pixabay

Категории: Вести