Директорот на ДИЗ, Шапуриќ: Откупoт на грозјето е при крај, просечна цена на вранецот е 11,8 денари, а на смедеревката 10,2 денари

Директорот на ДИЗ, Шапуриќ: Откупoт на грозјето е при крај, просечна цена на вранецот е 11,8 денари, а на смедеревката 10,2 денари

 

Иако лозарите бараа повисоки откупни цени на грозјето, сепак тоа остана само желба. Во разговор со Дане Јошев од Здружението Тиквешки лозоро-овоштари, кој беше објавен пред три недели на нашиот вебсасјт, Јошев изјави: „Цената што ја баравме ние беше 16 со 18 денари, ама таа цена остана само како барање од нас лозарите. Друга цена формираше министерот пред една недела со винариите. И таа цена ја објави без наше присуство. Тие се договориле со винариите дека цената за вранецот ќе биде 13 денари, а за смедеревката 11 денари.“

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ не информира дека откупот на грозјето речиси заврши, со просечна цена на вранецот од 11, 8 денари за килограм, а смедеревката 10,2 денари за килограм.

-Досега се откупени 67 милиони килограми грозје, сопствена берба на винариите е 17 милиони килограми, а извозот на грозје изнесува 3, 3 милиони килограми. Вкупно 88, 3 милиони килограми грозје, од тоа вранец сорта е околу 39 милиони, а смедеревка окoлу 21, 5 милиони килограми, а станатото се други сорти. Откупот е при крај и треба да заврши за 3-4 дена. Потоа останува евентуално мал дел од „доцна берба“. Проценките се дека годинашната реколта ќе биде малку над 90 милиони килограми што е во рамките на проценките за годинешниот очекуван род. Просечна цена за вранецот е 11,8 ден, а за смедеревката 10,2 денари за килограм грозје – изјави Шапуриќ за Агротим, и додаде дека инспекторите на ДИЗ, во овие 45 дена се постојано на терен.

 

Категории: Вести