Безбедност на храната: ЕУ ќе ја забрани употребата на титаниум диоксид (Е171) како додаток на храна во 2022 година

Безбедност на храната: ЕУ ќе ја забрани употребата на титаниум диоксид (Е171) како додаток на храна во 2022 година

 

Земјите-членки го одобрија предлогот на Европската комисија да се забрани употребата на титаниум диоксид (Е171) како додаток во храната од 2022 година.

Титаниум диоксидот се користи како боја во голем број производи како што се гуми за џвакање, печива, додатоци на храна, супи и чорби.

Комесарот Стела Киријакидес, задолжена за здравје и безбедност на храната, рече: „Безбедноста на нашата храна и здравјето на нашите потрошувачи не се за преговарање. Денес, ние дејствуваме одлучно со нашите земји-членки, врз основа на научни факти, за да го отстраниме ризикот од хемикалија што се користи во храната.“

Предлогот на Комисијата се базира на научно мислење на Европскиот орган за безбедност на храната, кое заклучи дека Е171 повеќе не може да се смета за безбеден кога се користи како додаток во храната, особено поради фактот што не е возможно да се исклучи загриженоста во врска со генотоксичноста.

Доколку Советот или Европскиот парламент не усвојат приговор до крајот на годината, текстот ќе стапи на сила во почетокот на 2022 година. Потоа ќе започне 6-месечен постепен период, по што ќе се применува целосна забрана во прехранбените производи.

 

Повеќе информации се достапни на следниот ЛИНК.