Швајцарија ќе воведе построги правила за бележење на храната

Швајцарија ќе воведе построги правила за бележење на храната

 

Швајцарскиот надлежен орган за безбедност на храна  издаде построга регулација при бележење на веганската и вегетаријанската храна. Ова конкретно се однесува на производи кои се имитација на месо и колбаси. Во повеќето случаи, производителите ќе бидат приморани да направат промена во називот на самите производи.

Едно од најважните нови правила кое се воведува, а се однесува на алтернативите на месни производи, е забрана на т.н. „негативни описи“ на пакувањата. Пакувањето не смее веќе да има опис во формат „Не сум млеко“ ако содржината внатре е растителна имитација на животинско млеко. Исто така, стапува на сила и забрана со која не е дозволено на пакувањето да стои визуелна опомена во форма на прецртан текс од форматот „ сирење “ или „ добиток “. Истото се однесува и за прецртување на пиктографи или слики од животни кои сугерираат дека производот не содржи состојки од животинско потекло.

„Изгледот, етикетата и пакувањето на алтернативните производи, како и нивните реклами, не треба да ги доведуваат во заблуда потрошувачите“, се вели во новите правила.

Управата за безбедност на храна смета дека се добиваат погрешни информации од описот или етикетирањето на производот, а тоа може да доведе до заблуди за производството, содржината, потеклото, влијанието или некоја посебна вредност на производот. Производите кои се имитација на производи од животинско потекло – мора да носат јасно разбирлива етикета.

Покрај тоа, забрането е означување на алтернативни производи, дури и кога овој опис укажува на растително потекло. Ова исто така важи и за растителни производи кои содржат животински состојки. Така, концептите како „веганско бело чоколадо“ или „вегански мајонез“ повеќе не се дозволени. Наместо тоа, на пакетот треба да пишува „веганска алтернатива на мајонез“ или „веганска имитација на путер“.

 

Категории: Вести, Зелен развој