Тридневна временска прогноза (11.01.2022)

Тридневна временска прогноза (11.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 11 – 13 јануари 2021 година

Вторник 11.01.2022: Претежно облачно и СТУДЕНО со повремени локални послаби врнежи од дожд и од снег на ниските, и од снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.  Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Среда 12.01.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат уште пониски и тоа поради понатамошен продор на студен воздух од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.

Четврток 13.01.2022:  Сончево и СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО пониски за разлика од изминатите денови и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 7 степени.