Tag "земјоделство"
Ефикасен и необичен начин за отстранување на Компировата Златица во насадите
Не секогаш е потребна имплементација на висока технологија и нови видови на хемиска заштита за да имаме сигурност во заштитата на земјоделските култури. Холандскиот пронаоѓач Јорис Ван дер Камп осмислил приклучна механизација која може механички да отстранува поголеми инсекти и ларви во насади од компир. Механизацијата може да се закачи на предниот или на задниот дел од тракторот, при што опфаќа 4 реда во насадот. Функционира на принцип на механички удари со помош на тенки крилца направени од пластика
Изграден систем за наводнување во Општина Босилово – средствата обезбедени од европските програми за развој
Амбасадорот на ЕУ во нашата држава Дејвид Гир, заменикот министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков, денеска го пуштија во употреба малиот систем за наводнување од браната Чаушица, од каде ќе се се наводнуваат површини меѓу селата Хамзали и Дрвош. Со системот се обезбедува наводнување на околу 85 хектари обработливо земјиште на стотина земјоделци, а средствата во висина од половина милион евра се обезбедени од европските програми. -Европската унија дејствува на различни
Норвешка старт-ап компанија создаде електрична машина која помага во подигање на тешки товари во земјоделството
Возило кое работи на електричен погон со автономно движење можеби ќе биде новата десна рака на земјоделците. Специјално дизајнираниот робот кој има способност за подигање на тежини до 2 тона е продуктот создаден од страна на норвешката старт-ап компанија АутоАгри. Оваа механизација има за цел да им помогне на земјоделците при транспорт на тежок товар или пак транспорт на оперативната приклучна механизација како што се прскалки, резервоари или ѓубрерастурачи при изведување на покомплексни агротехнички операции. Начинот на приклучување на
Како шумските пожари влијаат врз земјоделството?
Ширењето на шумските пожари во изминатите денови е една од најголемите природни катастрофи во последните години. Екстремно високите температури, неповолните временски услови, човечкиот фактор и за жал слабиот капацитет на државните институции овозможи беснеење на пожарите на северот, истокот и југот на земјата. Додека со сите можни капацитети се води битка со огнената стихија, големи последици се очекуваат и врз многу земјоделци и фармери. Најпрво тука се директните штети како опожарување на пчелни кошници, горење на насади и плевни,
Ребалансот конечно ќе ги исплати сточарите, тутунарите, овоштарите и млекарите
Изгласувањето на ребалансот на буџетот во Собранието и формално овозможи репрограмирање на планот за исплата на субвенции за земјоделците, овоштарите, сточарите и фармерите. Според владиниот предлог во новото кроење на буџетската каса, три милијарди денари повеќе или околу 50 милиони евра ќе се пренасочат кон субвенции за земјоделството и поддршка на руралниот развој. Со планот за исплата на земјоделците најверојатно ќе се смират и тензиите кои беа присутни кај голем број на земјоделски здруженија кои организираа протести. Револтот на
ЕУ го трасира патот за намалување на емисиите на јаглероден диоксид во земјоделството
Нов пристап за отстранување на јаглероден диоксид во земјоделството ќе придонесе за засилување на климатските амбиции во Европа, најави Европската комисија при започнувањето на својот голем план за намалување на емисиите на CO2 за 55% до крајот на деценијата. Потенцијалот кој постои кај таканареченото „земјоделство за складирање на јаглерод“ во намалување на емисиите на СО2 и обновување на деградираната земјоделска почва беше темелно разгледан во неодамна презентираниот пакет на Европската комисија, наречен „Fit for 55“. Во своето обраќање, Комисијата
Со грант од 10.000 евра – до успешен агро бизнис
Миле Крцоски е млад земјоделец од Мешеишта, општина Дебарца. Фамилијарно се занимаваат со одгледување на цреши и јаболки, а поседуваат и фарма за бројлерско производство. На последниот повик за мерка 112 – помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност аплицирал и добил грант од 10.000 евра. Со тие средства набавил машина за сушење на овошје. Сушена цреша и сушено јаболко се само дел од производната лепеза која ќе се најде на пазарот. Замислата е да се пласираат
Правилно складирање на свежи производи – операција од која зависи дали ќе го остварите максималниот профит
Квалитетот на зеленчукот и овошјето се оценува според нивната големина, форма, боја и цврстина. Овие визуелни атрибути заедно со органолептичките својства, како што е мирисот и вкусот, помагаат при одлучување на купувачот да се одлучи токму за тој производ што директно влијае на зголемувањето на приходот на произведувачот. Свежите производи отсекогаш биле важна компонента во светската трговија со храна, но и до ден денес пост-бербените загуби кај произведувачите претставува предизвик. Пост-бербените загуби всушност претставуваат намалување на квалитетот и квантитетот
Република Српска забрани увоз на 400 килограми македонски сливи, имале пестициди повеќе од дозволеното
Републичката фитосанитарна инспекција на Република Српска, како дел од редовната инспекција на пратките во надворешната трговија, забрани увоз на пратка од 400 килограми сливи со потекло од Македонија, бидејќи се пронајдени остатоци од пестициди над пропишаното максимално ниво, соопшти Инспекторатот на Република Српска, јави дописникот на МИА од Белград. Контролата на овошјето и зеленчукот во Република Српска се врши при увоз, со цел да се утврди дали е здраво и безбедно за човечка употреба, а најголем ризик кај овие
Колку земјоделците дале пари за осигурување и колку штети биле исплатени од осигурителните компании?
Земјоделците вкупно инвестирале 8 милиони евра во осигурителни полиси во 2020-та, а во истата година како резултат на штети осигурителните компании исплатиле вкупно 5 милиони евра за полиси за осигурување на имот вклучувајќи ги и земјоделците. Земјоделците според извештајот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на 2020 година во помал обем решиле да го осигураат нивниот имот, односно да ги заштитат посевите во однос на претходната година, но не сите параметри се негативни во земјоделскиот сектор. Воопшто