Бензините поскапуваат за 2, а дизелот 1,5 денари

Бензините поскапуваат за 2, а дизелот 1,5 денари

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,02 %.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,526 ден/кг и сега ќе изнесува 40,053 ден/кг.

Малопродажните цени на  ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се зголемат за 2,00 ден/лит, а цената на   ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголеми за 1,50 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,00  ден/лит и 75,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98,  а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 64,50 ден/лит, односно 64,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .

 

Категории: Вести

Слични Новости