Битиќи: Со еколошката такса даваме национален придонес кон Парискиот договор
Предлог-законот со кој ќе се воведе еколошка такса на горивата се носи по скратена постапка поради Парискиот договор за климатски промени, изјави вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.
– Мислам дека се уште не е дефинирано дали ќе се оди со европско знаменце, тоа ќе видат правниците и ние прифаќаме дека така треба да биде. Меѓутоа, ние сме меѓу оние земји кои треба да имаат дадено национален придонес кон Парискиот договор и затоа мислам дека не треба да се отстрани европското знаме од законот, нагласи Битиќи во емисијата „25 минути“ на ТВ 24.
Битиќи признава дека можеби требало да се одвои време за дополнителна дискусија околу овој предлог-закон, потенцирајќи дека финансиските средства што ќе се соберат од еколошката такса ќе се искористат за намалување на нивото на емисијата на јаглерод диоксид за повеќе од половина.