ДЗС: Зголемување на прометот во трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун
270 Прегледи
Државниот завод за статистика во август бележи зголемување на прометот во трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун и на трговијата со автомобилски горива.
– Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во август 2021 година, во споредба со август 2020 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 11.8 %, а реално за 7.9 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 18.3 %, а реално за 16.4 %), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 15.0 %, а реално за 12.1 %) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 57.1 %, а реално за 31.0 %).
Категории:
Вести