Култура која што може да ја замени сојата во исхраната на добитокот

Култура која што може да ја замени сојата во исхраната на добитокот

 

Сојата е најупотребувана култура кога станува збор за исхрана на добитокот. Поради големите промени на цените и негативните ефекти што ги предизвикува при нејзиното интензивно производство, се бараат алтернативи кои што можат да го достигнат истиот нутритивен потенцијал.

По извршени одредени експериментирања утврдено е дека лупините (легуминозни култури) претставуваат одржлив алтернативен извор на протеин во исхраната на добитокот. Лупината на некои места се нарекува и волчјак. Таа е култура која уште многу одамна е застапена и култивирана во медитеранските предели. Има способност за азотофиксација на атмосферскиот азот и може да фиксира од 150 – 200 килограми на хектар.

соја добиток лупина

Ботаничка скица од лупина

Постојат три култивирани вида и тоа: бела, плава и жолта лупина.

Сите три вида се одгледуваат за производство на сточна храна. Особено во Австралија, лупините интензивно се користат во исхраната на млечните крави, каде што е утврдено дека семето има висока разградливост и висока метаболичка енергија што резултира со зголемено производство на млеко, масти и протеини. Исто така, семето од лупина е многу лесно за складирање поради дебелината на својата обвивка и ниската влажност што го прави отпорно на напади од инсекти и развој на одредени патогени микроорганизми.

Одлично се вклопува во плодоредот и може да се одгледува на сиромашни почви. Единствено оваа култура не поднесува почви богати со вар, односно алкални почви. Во северната хемисфера најпогодни за одгледување се жолтата и плавата лупина.  Се сее на почеток на пролетта во март и својата зрелост ја достига при крајот на летото.

семе од лупина

Семе од лупина

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Култури