Маслодајната репка како пчелно пасиште и сточна храна

Маслодајната репка како пчелно пасиште и сточна храна

 

Маслодајната репка е многу важна земјоделска култура со широка примена во различни индустрии. Сеидбата на маслодајна репка се ближи – од 25 август до 20 септември. Позната е нејзината употреба во производството на биодизел, а во овој текст ќе дадеме осврт на употребата на маслодајна репка како пчелно пасиште, односно во исхраната на добитокот. 

  • Маслодајна репка како пчелно пасиште

Ова е растение кое цути на пролет и е дел од главната пролетна паша, што доволно зборува за неговата важност. Кога ќе се постигнат оптимални агроеколошки услови во одгледувањето на ова маслодајна култура, приносите на мед на површина од еден хектар се околу 100 килограми. Ова растение се истакнува како исклучително поволно пчелно пасиште и поради огромната количина на полен, што резултира со силни пчелни колонии кои брзо се зголемуваат.

Исто така, поради континуирано создавање на нектарот во цветот на оваа култура, пчелата на истиот цвет застанува неколку пати за да го собере. Периодот на цветање на маслодајна репка е околу три недели.

Медот од маслодајна репка има светло жолта боја и висока концентрација на цветен полен. Она што е карактеристично за него е многу брзата кристализација. По кристализацијата неговата боја станува уште посветла. Често се користи како основа за природни препарати базирани на мед.

Познато е по своите исклучителни лековити својства. Имено, овој мед, кој се смета за еден од најбараните и најценет на пазарот, има исклучително ефикасно влијание врз проблемите на дигестивниот тракт, како што е проблемот со чиревите, а го регулира и варењето на храната. Се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со простатата, но и за детоксикација и чистење на црниот дроб. Медот од ова растение го регулира нивото на слободни масни киселини во телото.

маслодајната репка

  • Маслодајна репка како сточна храна

По екстракција на масло од семето на маслодајната репка, се добива сачма од маслодајна репка, оброк кој содржи 40 проценти протеин и значителна концентрација на лизин и метионин. Од околу 100 килограми семе од репка, се добиваат 60 килограми погачи со 28 проценти суров протеин.

Од податоците кои ги имаме од Србија – кога станува збор за зелена сточна храна, приносите на зелената сточна храна од маслодајна репка изнесува околу 60 тони по хектар.

Силажата се смета за поисплатлива од производството на сено бидејќи доаѓа до дамкавост кај лисјата, што се смета за голем недостаток кај сеното од маслодајна репка. Силажата се препорачува и поради пократкото сушење на штотуку откосената репка.

маслодајната репка

Важна забелешка: маслодајната репка треба да се воведе во исхраната на домашните животни постепено, измешана во оброк со друга храна, во период од една недела, една недела и половина.

Категории: Вести, Култури