Николовски: Продолжуваме со субвенции, грантови, ИПАРД, зелена нафта и други мерки важни за земјоделците
Министерот Николовски ја оствари првата работна средба со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, по вчерашното официјалното предавање на фунцијата од страна на заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
Николовски на својот фејсбук профил по средбата напиша:
„Продолжуваме со навремена и неселективна исплата на субвенциите, тогаш кога им се најпотребни на земјоделците.
Во периодот 2017-2019 исплативме 305 милиони евра за заостанати и редовни субвенции, и финансиската поддршка продолжува.
Воведовме нови мерки:
-Мерка за зелена нафта
-Нов модел за повисоки субвенции за тутун по класи
-Грантови од 20.000 евра за млади земјоделци
-Грантови од 3.000 евра за жени земјоделки
-20% повисоки субвенции за развојните мерки
-Започнаа крупни капитални инвестиции во водостопанството
-Р. С. Македонија стана лидер во искористеност на ИПАРД
-Земјата се врати кај вистинските земјоделци
Успесите што ги постигнавме продолжуваат, ова го потврдивме и со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.“