Синџирите за снабдување со храна се под сериозна закана поради недостигот на работна сила, храната ќе поскапи

Синџирите за снабдување со храна се под сериозна закана поради недостигот на работна сила, храната ќе поскапи

 

Според Блумберг, недостигот на работна сила сериознo ќе ги погоди синџирите за снабдување со храна во целиот свет. Тоа ќе доведе до глобален пораст на цените на храната.

Во Виетнам армијата помага за реколтата на ориз, во Велика Британија фармерите се принудени да фрлаат млеко, бидејќи нема доволно возачи на камиони со кои се собира млекото.

Блумберг наведува дека има недостиг на работници во кланиците, недостигаат возачи на камиони, работници во магацините, готвачи.

Некои работодавачи се принудени да ги зголемуваат платите за да ги задржат вработените и тоа е закана за цените на продуктите кои веќе се зголемени поради расходи за испорака. Цените се зголемени за 31 % во јули на годишно ниво според индексот на Обединети нации.

Влијанието на пандемијата е особено силно во секторот на храна и земјоделството, што се најмалку автоматизираните индустрии во светот.

Мекдоналдс во август остана без млечни шејкови, додека во Велика Британија голем број продавници немаат доволно залихи дури и од основни продукти како леб.

Недостигот на работна рака ги погодува не само фармите, производителите и преработивачите туку и рестораните. Освен недостиг на работници на некои места, екстремните промени на климата исто така се проблем за реколтата. Зголемените цени значат и пораст на расходите за добиточна храна, а со тоа се зголемува и цената на месото.

 

Извор:  МИА

Категории: Вести, Пазари