Тридневна временска прогноза (01.03.2022)

Тридневна временска прогноза (01.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 1 – 3 март 2022 година

 

Вторник 01.03.2022: Претежно облачно и СТУДЕНО со локални врнежи претежно од снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во јужните и во југозападните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. Минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.

Среда 02.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со слаб до умерен, а попладне Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури и понатаму речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 10 степени.

Четврток 03.03.2022: Сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од северозападен правец. Ветерот особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 2 степени во најтоплите предели, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.