Тридневна временска прогноза (10.01.2022)

Тридневна временска прогноза (10.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 10 – 12 јануари 2021 година

Понеделник 10.01.2022: Облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. На повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата ќе се зголемува. Услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, особено во западните, југозападните и северните предели. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и тоа поради продор на студен воздух од север, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Вторник 11.01.2022: Претежно облачно и СТУДЕНО со повремени локални послаби врнежи од дожд и од снег на ниските, и од снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.  Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

Среда 12.01.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат уште пониски и тоа поради понатамошен продор на студен воздух од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.