Тридневна временска прогноза (18.02.2022)

Тридневна временска прогноза (18.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 18 – 20 февруари 2022 година

 

Петок 18.02.2022: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури остануваат речиси насекаде позитивни и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој период од годината.

Сабота 19.02.2022: Сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Особено во вечерните часови и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Минималните температури ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите утрини и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Недела 20.02.2022: Претежно облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец и тоа особено изразен во западните предели. Во доцните попладневни и вечерни часови ќе има појава на повремен локален дожд, и тоа особено во западните и во северните предели. Минималните температури повторно ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради облачноста и истите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 7 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на сосема мал пад и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.