Сабота 18.12.2021: Променливо облачно и студено со повремени локални послаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите остануваат и понатаму ниски, и тоа поради влијанието на студената воздушна маса од север, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.
Недела 19.12.2021: Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите и понатаму остануваат ниски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.
Понеделник 20.12.2021: Сончево со мала локална облачно и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Доцна попладне и во текот на ноќта ќе има локално зголемување на облачноста и ќе има услови за слабо и локално провејување на снег. Температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.
Сабота 18.12.2021: Променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец. Ќе има услови и за слабо и локално провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -3 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 1 степен.
Недела 19.12.2021: Променливо облачно со подолги сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -5 и -4 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 0 степени.
Понеделник 20.12.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има локално зголемување на облачност и ќе има услови за локално провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и -2 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 4 степени.
Сабота 18.12.2021: Променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 4 степени.
Недела 19.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 3 степени.
Понеделник 20.12.2021: Сончево со мала локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Доцна попладне и во текот на ноќта ќе има локално зголемување на облачноста. Минималната температура ќе се спушти до околу -3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 7 степени.
Сабота 18.12.2021: Променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен правец. Ќе има услови за локални слаби врнежи од снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 4 степени.
Недела 19.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено и локално засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 2 степени.
Понеделник 20.12.2021: Сончево со мала локална облачност и со умерен, повремено и локално засилен ветер од северен и од северозападен правец. Доцна попладне и во текот на ноќта ќе има локално зголемување на облачност. Мали се условите за сосема слабо и локално провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -5 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 6 степени.
Не очекува пад на температурите, особено во утринските часови. Препорачливо е зимските градинарски култури на отворено да се заштитат со поставување на мали тунели со полиетилен. Дополнително, расадот кој што се спрема соодветно да биде заштитен со дополнително и засилено затоплување.