Тридневна временска прогноза (20.05.2021)

Тридневна временска прогноза (20.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  20 – 22 мај 2021 година

Четврток 20.05.2021: Променливо облачно и посвежо со услови за повремен локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Петок 21.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди како и со засилен северен ветер. Во источните и во североисточните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Минималните температурите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

 

Сабота 22.05.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.