Тридневна временска прогноза (30.04.2021)

Тридневна временска прогноза (30.04.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 30 април  – 02 мај 2021 година

Петок 30.04.2021: Сончево и значително потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Сабота 01.05.2021: Умерено, на места значително облачно, додека попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има услови за слаб локален дожд. Во текот на денот ќе дува умерен, а особено во западните предели повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат и над 30 степени.

 

Недела 02.05.2021: Сончево и многу топло со умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.