Трипуновски: Имаме основано сомнение дека во Република Македонија е внесена храна од пилешко месо и преработки од месо
Имаме основано сомнение дека во Република Македонија е внесена храна од пилешко месо и преработки од месо, од држава во која што е детектиран птичјиот грип, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од изјавата на Трипуновски:
Во неколку наврати, во нашата држава е дозволен увоз на пилешко месо и преработки од пилешко месо, иако во земјата од каде што потекнува оваа храна е детектиран птичјиот грип, и за тоа се информирани сите земји кои се во системот на Светскиот информативен систем, меѓи кој членува и Република Македонија. А, властите во Република Македонија не преземале ништо.
За што точно станува збор?
На сајтот на светската здравствена организација и Светскиот информативен систем за здравјето на животните, во кој како организација и ние членуваме од далечната 1993 година, на 28.12.2021 година има известување со кое се потврдува птичјиот грип во Република Словенија.
Ова е доказот од Светската здравствена организација каде што се гледа дека известуваат дека има птичји грип во Република Словенија.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), иако има обврска на дневна основа да носи соодветни решенија кои произлегуваат од објавите на Светската здравствена организација преку Светскиот информативен систем, со задоцнување од 21 ден, повторувам со задоцнување од 21 ден, дури на 18.01.2022 носи решение за забрана на увоз на живина и производи од живина од одредени региони во Република Словенија.
Пред мене го имаме и извадокот од службениот весник, каде што се гледа датата на објавување на ова решение.
Oна што е загрижувачко и недозволиво е фактот дека директорот на АХВ, Николче Бабовски, иако знаел дека има Птичји грип во Словенија во овој вакуум период дозволил влез во Македонија на три пратки на месо и преработки од месо од живина од региони во Словенија каде што е потврдено присуството овој високо патоген сој на Птичјиот. Пратките се влезени во нашата држава на 30.12.2021, на 01.01.2021 и последната, третата пратка е влезена на 11.01.2022.
Она што го имам со мене е доказ од EXIM системот, каде што се гледаат влезените пратки во Република Македонија, меѓу кои што се и овие три спорни пратки.
Почитувани, што би рекле старите, ако коза лаже рог не лаже.
Директорот на АХВ и Министерот Николовски живи се фатени и со вакви матни и коруптивни зделки го загрозуваат здравјето на нашите сограѓани и создаваат начин за влез и ширење на вирусот на Птичји грип, кој што веќе е детектиран во с.Злокуќани – Скопско.
Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка од директорот на АХВ- Николче Бабовски, но и од првиот човек на министерството за земјоделство, Николовски. Воедно, го повикуваме и Јавното обвинителство по допрен глас согласно нивните законски задолженија и обврски, да покренат соодветно обвинение, затоа што вакви пропусти ниту се дозволени, ниту треба да и се случуваат на Република Македонија.
Извор: Курир